Алкараз убедливо до ново полуфинале на Вимблдон

77
фото: Wimbledon (X)

Карлос Алкараз лесно се пласираше во полуфиналето на Вимблдон, откако денеска убедливо го совлада локалниот фаворит, Камерон Нори, со резултат од 3:0 (6:2, 6:3, 6:3).

Ова беше 19-та победа по ред за Алкараз на Вимблдон. Шпанецот ги освои претходните два турнира и сега ќе игра против Тејлор Фриц во полуфиналето.

Во женска конкуренција првата полуфинална двојка ја составија Арина Сабаленка и Анисимова од САД. Сабаленка во три сета славеше над Зигемунд од Германија, додека Американката во два сета ја „среди“ Пављученкова.

 

 

ПретходноВардар е комплетен, Фустин се приклучи на „црвено – црниот“ тренинг
СледноХајдук го доведе Адрион Пајазити