Бутел со вајлд-карта во ЕХФ Европскиот куп, Охрид и Тиквеш со директен пласман во второто коло!

126

Ракометна Македонија следната сезона ќе има три екипи во ЕХФ Европскиот Куп. Тоа се Бутел, кој со вајлд – карта обезбеди учество во првото квалификациско коло во ова натпреварување, потоа Охрид кој како носител ќе се приклучи во второто квалификациско коло. Трет тим е Тиквеш кој исто така ќе почнат од втората квалификациска рунда.

Ждрепката за првите две квалификациско кола ќе се одржи на 15 јули.

Ова значи дека дури шест наши клубови ќе играат во ракометна Европа во следната сезона.

РК Пелистер веќе ги знае ривалите во групната фаза во ракометната Лига на Шампиони.

РК Вардар 1961 и РК Алкалоид, кој е актуелен освојувач на ЕХФ Европскиот Куп, ќе настапат во ЕХФ Европската лига.

ПретходноОфицијално: Вардар и “Новоматик“ ја продолжија соработката на уште една година! (ФОТО)
СледноМечот ТНС – Шкендија со директен пренос на МРТ 3!