Вардаровата чета од денеска е комплетна. На денешниот попладневен тренинг во таборот „црвено – црните“ конечно се појави и стоперот Фустин Сенхор, последен во четата на тренерот Гоце Седлоски.
Со ова, освојувачот на Купот на Македонија, и учесникот но квалификациите за Конференциската лига е комплетен пред првиот меч кој се игра в четврток со почеток од 20:30 часот на Арената Тодор Проески. Противникот е Ла Фиорита, од Сан Марино, ривал по мерак што се вели.
Фaустин беше еден од најдобрите поединци во тимот на Вардар изминатата сезона.