Гилџес-Александер стана најплатениот кошаркар во историјата на НБА лигата

287

НБА шампионот Оклахома Сити Тандер денеска потпиша долгорочен договор со својата голема ѕвезда, Шеи Гилџес-Александер. Според политиката на тимот, условите на договорот не се откриваат, но според медиумските извештаи, актуелниот МВП на сезоната, добил максимално продолжување на договорот – 285 милиони долари во текот на четири години.

Ова е сега највисоката годишна плата за играч во историјата на лигата. Шеј има уште две години од неговиот тековен договор (38,3 милиони долари, 40,8 милиони долари), но новиот ќе биде заклучно со сезоната 2030/31.

Бекот на Оклахома Сити во регуларната сезона постигнуваше просек од 32,7 поени по натпревар, додека во финалната серија имаше просек од 30,3 поени по натпревар.

ПретходноЛШ: Шкендија “извади“ 0:0 во Велс, на реваншот во Скопје ќе се решава патникот во следната рунда!
СледноЖоап Педро го „лансираше“ Челзи во финалето на Светското клупско првенство