Младинките во победнички ритам пред стартот на ЕХФ ЕУРО

25

Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија запиша победа на последната контрола пред настапот на ЕХФ Европското првенство во кое ќе се одржи во Црна Гора.

Избраничките на Симе Симовски беа подобри од селекцијата на Косово со 30-20. Оваа победа е повеќе од добредојдена пред стартот на големиот предизвик во Подгорица.

Младинките се во група со Унгарија, Полска и Чешка. ЕХФ ЕУРО ќе се одржи од 9-20 јули. Првиот меч го игра утре против Унгарија.

Распоред на натпревари:
09.07.2025 –  19:30 ч. Унгарија –  Македонија
10.07.2025 –14:30 ч. Македонија  Полска 
12.07.2025 – 19:30 ч. Чешка – Македонија

ПретходноНевреме во Сплит, оштетен култниот „Пољуд“! (ФОТО)
СледноОфицијално: Вардар и “Новоматик“ ја продолжија соработката на уште една година! (ФОТО)