Искусниот бек на словенечката репрезентација, Нејц Цехте не „мрда“ од Битола. Поточно, словенецот потпиша нова соработка со екипата на Е.Пелистер, а тоа значи дека тој веќе трета сезона ќе го носи „зелено – белиот“ дрес.
Цехте пристигна во Битола од Скандинавија, и очигледно дека овде го пронајде што се вели својот втор дом. Нема намера да замине на друго место и затоа без проблем стави „параф“ на нова соработка.
Нејц Цехте е стандарден репрезентативец на Словенија со околу стотина настапи во дресот со државниот грб. Својата професионална кариера ја градеше во Горење (Словенија), Хановер (Германија) и ГОГ Гудме (Данска). Со Еурофарм Пелистер освои две шампионски титули, а во претходните две европски сезони постигна педесет погодоци (16 гола во сезоната 2024/25 и 34 гола во сезоната 2023/24).