Официјално: Вардар и “Новоматик“ ја продолжија соработката на уште една година! (ФОТО)

505

Вардар и официјално ќе ја има поддршката од “Новоматик“ и во следната сезона. Како што денеска беше објавено на пресот, дека се потпишува нов еднодишен договор меѓу оваа реномирана компанија и нашиот најтроофеен клуб. Се разбира дека оваа соработка е продолжена на обострано задоволство.

Петар Пенчев, претставникот на “Новоматик“ имаше свое видување:

Новоматик продолжува со поддршка на националната гордост, Вардар. Нас ни е особена чест што ја продолжуваме соработката со најдобриот клуб во Македонија. Потпишан е нов договор за еден милион евра годишно. Пред три месеци станавме партнери и на ФФМ, вложени се преку три милиони евра. Спонзори сме и на РК Вардар, МЗТ Скопје, ФК Кожув, се грижиме за иднината на највисоко ниво“ посочи Пенчев и продолжи:

Мора да кажам дека сме пријатно изненадени од успехот на Вардар во изминатиот шампионат. Ние влеговме со искрени намери во ова партнерство, и сме много среќни што Вардар со наша помош успеа да го освои Купот на Македонија“.

Капитенот на Вардар, Горан Закариќ покрај другото истакна:

“Импресивни се заложбите на Новоматик да ги поддржи плановите на спортскиот колектив и менаџментот на ФК Вардар. Секоја компанија која инвестира во спортот, инвестира во здрава и просперитатна младина“.
No description available.No description available.

No description available.

ПретходноМладинките во победнички ритам пред стартот на ЕХФ ЕУРО
СледноБутел со вајлд-карта во ЕХФ Европскиот куп, Охрид и Тиквеш со директен пласман во второто коло!