Актуелниот македонски првак, Пелистер пред стартот на новата сезона во која повторно ќе настапува во Лигата на шампиони, ќе има промени во стручниот штаб.
Битолчани вчера соопштија дека Раул Алонсо нема да биде на клупата, а во меѓувреме додека се бара решение на неговата позиција, тие го договорија репрезентативниот физиотерапевт Небојша Василевски. Тој минатата сезона беше задолжен за фудбалскиот тим на Гостивар со кого се раздели пред крајот на истата.