Како што попладнево објавија од таборот на ФК Пелистер, тимот на новиот стратег Димитар Капинковски ќе одигра најмалку пет пријателски средби ова лето во пресрет на новата сезона во ПМФЛ.
Се почнува со Струга ТЛ во Битола (12 јули), потоа се игра и со Трајал од Србија (19 јули), па со Македонија ЃП (22 јули), тука е и Охрид (26 јули) и со грчкиот Егалео (29 јули).
Треба да се каже дека ова лето на чело на Пелистер дојде ново раководство, кое одлучи тренерската функција да му ја довери на Димитар Капинковски. Засега најзвучно засилување е Стефан Спировски, некогашниот репрезентативец на Македонија кој по долги години се врати во својот матичен клуб.
Буџетот за наредната сезона ќе биде рекорден за овој клуб, и ќе изнесува еден милион евра.
ФОТО: ФК Пелистер/ФБ