Полувреме: Добра Шкендија во Велс, мрежите мируваат!

198

Заврши првото полувреме во Освестри, и тоа со резултат 0:0 меѓу ТНС и Шкендија во првиот меч од 1.квалификациско коло во ЛШ.

Добра Шкендија, иако во првата фаза од овој период, Велшаните во два наврати опасно се заканија преку Вилсон и Холден. Затоа нашиот шампион имаше две големи шанси и тоа преку Тамба во 16.минута и Љатифи две минути подоцна, но за среќа на домашниот тим не се тресеше мрежата на Шеперд.

Тетовци во целост ја контролираа играта, во поголем дел од полувремето го имаа поседот на топката, но не се впуштаа во непотребен ризик.

Во 38.минута Адеми за малку ќе донесеше радост, но не успеа од само еден метар и помалку, да ја зафати топката и да ја внесе во мрежата на ТНС. Во финишот домашните преку Корнес се обидоа да изнудат пенал, но судијата убаво виде и покажа жолт картон. На другата страна Адеми повторно во голема шанса, голот беше празен, но не успеа да ја вметне топката во празната мрежа на Шеперд. Каква шанса беше тоа, неверојатно е како немаше водство за нашиот првак.

Во 45.+5,. Бробел силно и прецизно шутираше, но Гае одлично одбрани, па така на пауза се замина со тие почетни 0:0.

ФОТО: КФ Шкендија/ФБ

ПретходноХајдук го доведе Адрион Пајазити
СледноРичард Риос е мета на Рома и Интер