Пред седум години: Вака Бесарт го “решеташе“ ТНС со четири гола и тоа за 28 минути! (ВИДЕО)

131

Во пресрет на вечерашниот прв меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу ТНС и Шкендија, убаво е да се потсетиме како беше на 10 јули пред седум години.

Тогаш исто, во 1.квалификациско коло во ЛШ се сретнаа овие екипи, а тој 10 јули 2018 ќе остане во историјата.

Шкендија славеше со 5:0 а Бесарт Ибраими го одигра својот најдобар натпревар во кариерата. Прво Изаир Емини, на негова асистенција во 14.минута донесе водство од 1:0, за да потоа Бесарт го “решеташе“ тимот од Велс со четири голови и на секои седум минту по еден. Прво во 38. минута, па во 53., во 60. и 66.минута. Тоа досега не му успеало на ниту еден наш фудбалер. За само 28 минути во четири наврати или во просек по седум минути по еден гол.

Тaa вечеr на Арената во Скопје фановите на Шкендија просто “збеснаа“ од радост, тоа беше фантазија на Бесарт.

А по мечот тој скромно изјави:

Не сум важен јас и моите голови, поважна е победата на Шкендија“.

По тие 5:0, во реваншот во Велс, тогаш домашниот тим на ТНС ја победи Шкендија со неверојатни 4:0, но пак и тогаш, шампионот на Македонија се пласира понатаму.

Тоа беа некои други времиња.

Да потсетиме дека вечерва на “Хал Парк“ стадионот во Освестри, мечот меѓу ТНС и Шкендија започнува во 20 часот.

Погледнете како беше пред седум години:

ПретходноЈокиќ може да го потпише најголемиот договор – ќе заработи неверојатно богатство
СледноМбапе се откажува од случајот за вознемирување и уцена