Утре од 20.30 часот, на Арената во Скопје, нашиот најтрофеен клуб ја дочекува Ла Фиорита, во првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Јасно е дека од Вардар, како наш најголем клуб, секогаш очекувањата се големи, сепак во денешниот фудбал нема фаворити и аутсајдери, сега сите знаат да играат фудбал и нема да биде лесно со тимот од Сан Марино.
Во пресрет на утрешниот меч, тренерот на Вардар, Гоце Седлоски имаше свој коментар:
„Мислам дека одработивме добри подготовки. Имавме 20-тина дена во Словенија каде екипата добро се подготви, иако ни недостасуваа неколку странски играчи. Мораме да влеземе максимално професионално. Респект имаме кон секој ривал, Мислам дека сме подготвени и очекувам победа. Нема фаворити во денешниот фудбал. Најважно ни е момците да влезат онака како што момците треба да одиграат. Ова е прво полувреме, максимално сконцентрирано и професионално. Најважно е да ја играме нашата игра. Реваншот за седум дена на гости“ посочи покрај другото стратегот на Вардар.