Вардар својата нова евро одисеја ја стартува утре со првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Ривал е тимот од Сан Марино, Ла Фиорита. Секако дека амбициите на нашиот најтрофеен клуб се да се мине оваа европска пречка ова лето, но сепак за да се дојде до севкупен триумфм мора да се одигра максимално одговорно.
Азер Омерагиќ, напаѓачот на Вардар, вечерва на пресот истакна:
„За овие месец дена колку што траат подготовките екипата е максимално подготвена и мотивирана. Првиот меч го играме дома и ќе гледаме уште утре да стекнеме добра предност пред реваншот на гости. Секако дека имаме респект кон противникот, но веруваме во нашиот квалитет и очекувам победа“, Азер Омерагиќ.