Маркоски и Демири (Работнички): Време е за европски предизвик, имаме мотив да го дадеме максимумот!

56

Работнички утре од 20 часот, по цели седум години пауза ќе одигра еден европски натпревар. Во рамките на квалификациите во Лигата на Конференции, ќе му гостува на Торпедо Белаз, тим од Украина, но овој меч ќе се одигра во унгарскиот Жомбатели.

Експедицијата на Работнички веќе неколку денови е во овој унгарски град, а во пресрет на утрешнит меч со тимот од Белорусија, свој коментар имаат тренерот Бојан Маркоски и играчот за врска Бесир Демири:

Време е за европскиот предизвик. Се подготвувавме за ова, го анализиравме противникот, Торпедо-Белаз е квалитетен тим, но ние сакаме позитивно да го стартуваме ова европско лето. Верувам во тимот, ќе сториме сѐ да оствариме посакуван резултат и реваншот во Скопје по седум дена да го дочекаме со еден чекор поблиску до пласман во следното квалификациско коло. Работнички по седум години е повторно во Европа, и тоа апсолутно нѐ мотивира сите да дадеме и повеќе од максимум, и овде во Унгарија, како и на вториот меч во Скопје.истакна Маркоски.

Се подготвувавме за ова, уште од првиот ден, кога почнавме со работа во оваа нова сезона. Тимот е подготвен за предизвикот, имаме своја цел и веруваме дека ќе ја исполниме доколку ја спроведеме на дело стратегијата на шефот на стручниот штаб Бојан Маркоски. Новите засилувања одлично се вклопија, атмосферата е на највисоко ниво и сите сме максимално фокусирани на утрешниот прв дуел со Торпедо-Белаз. Нѐ очекува голема битка, а се надеваме дека на крајот ќе има позитивен изход за нас.“ посочи Демири.

ПретходноПораз на стартот на ЕУРО: Македонските ракометарки без шанса против првакот
СледноОфицијално: Талаков во дресот на Македонија ЃП!