Младинките во Подгорица отвараат против европскиот првак

40

Македонската женска младинска репрезентација денеска го игра првиот меч на Европското првенство У19 чиј домаќин е Подгорица. Нашите девојки се во група со Унгарија, Чешка и Полска.

На стартот на шампионатот избраничките на селекторот, Симе Симовски ќе играат против Унгарија, мечот е закажан со почеток во 19:30 часот. Противникот ќе биде голем предизвик за „црвено-жолтите“ особено ако се земе фактот дека оваа генерација доминира, освои три шампионати по ред, во 2019, 2021 и 2023 година.

Селекторот нема да смета на две важни ракометарки. Ива Младеновска и Хана Мифтари, и двете се повредени.

Ова ќе биде прво ЕХФ ЕУРО првенство со 24 репрезентации, пласман во главната рунда ќе обезбедат првите две селекции од секоја група.

ПретходноБоно и Кавада за посилен Вардар следните две сезони
СледноНов дебакл: Јуниорките поразени и од Ирска