По завршување на пресот, на кој тренерот на Вардар, Гоце Седлоски и напаѓачот Азер Омерагиќ, имаа што да им кажат на претставниците на медиумите во пресрет на утрешниот меч со Ла Фиорита, фудбалерите на Арената “Тодор Проески“ го одработија и последниот тренинг. Пред истиот да започне, Седлоски со своите помошници им ги подели последните совети на своите играчи пред мечот со Ла Фиорита.
И на пресот и Седлоски и Омерагиќ истакнаа дека Вардар е подготвен за настап на европска сцена, дека утре ќе се оди на победа против составот од Сан Марино.
Па нека биде така.
Напред Вардар!