Азер Омерагиќ: Имаме респект кон противникот, но верувам во квалитетите на Вардар!

132

Вардар својата нова евро одисеја ја стартува утре со првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Ривал е тимот од Сан Марино, Ла Фиорита. Секако дека амбициите на нашиот најтрофеен клуб се да се мине оваа европска пречка ова лето, но сепак за да се дојде до севкупен триумфм мора да се одигра максимално одговорно.

Азер Омерагиќ, напаѓачот на Вардар, вечерва на пресот истакна:

За овие месец дена колку што траат подготовките екипата е максимално подготвена и мотивирана. Првиот меч го играме дома и ќе гледаме уште утре да стекнеме добра предност пред реваншот на гости. Секако дека имаме респект кон противникот, но веруваме во нашиот квалитет и очекувам победа“, Азер Омерагиќ.

ПретходноГоце Седлоски: Нема фаворити во денешниот фудбал, сепак очекувам победа!
СледноИнтер повторно го сака Асенсио