Арсенал се договори со Мадуеке, ама Челзи не го пушта!

77

Барем засега ништо од трансферот на Нони Мадуеке од Челзи во Арсенал. Имено иако напаѓачот на “сините“ и селекцијата на Англија, се договори со Арсенал околу личните услови, сега проблемот е во раководството на “сините“. Челзи не го пушта за 60 милиони евра колку клубот од “Емирејтс“ нуди, бара поголема сума.

Последна вест е дека во следните неколку дена одново ќе има преговори, но мали се шансите до него да дојде.

Мадуеке во минатата сезона за Челзи одигра 41 меч а притоа постигна 11 голови.

Тој најчесто играше на десно крило.

ФОТО: ФЦ Челзи/Х

ПретходноКратовци тренираа во Тузи: И Силекс подготвен за европскиот настап!
СледноСКП: “Машината“ на Луис Енрике го декласира Реал и си закажа финале со Челзи! (ВИДЕО)