Боно и Кавада за посилен Вардар следните две сезони

138

Јапонецот Харуки Кавада и аргентинецот Николас Боно се двата нови членови на екипата на РК Вардар. „Црвено – црните“ пред стартот на новата сезона, се засилија со два нови бекови кои што ќе се појават на стартот на подготовките.

Харуки Кавада е 19 годиншен јапонски среден бек кој доаѓа од младинска репрезентација која играше на последното СП во Полска. Таму Јапонја се пласираше во втората фаза и го освои 16 место.
Кавада на Азиското првенство минатата година и беше прогласен за МВП. Го најавуваат како еден од идните најдобри играчи на Јапонија.
Во новата сезона на позицијата среден бек ќе настапува и Николас Боно, кој има 27 години и игра за францускиот Истр. Средниот бек потекнува од Балестер од Аргентина, имаше кратка епизода и во бразилскиот Таубате. Играше за шпанските Замора и Синфин, а во тимот од Сантандер даде 140 голови на 29 меча. Потоа се пресели во Шербур, за во актуелнава сезона да го облече дресот на Истр.
Боно игра и за националниот тим на Аргентина, а во својата биографија има запишано настапи на првенството на Средна и Јужна Америка 2024, Олимписките игри 2024, како и на Светското првенство 2025.
ПретходноНаполи бара банкарска гаранција од Галатасарај за Осимен
СледноМладинките во Подгорица отвараат против европскиот првак