Интер повторно го сака Асенсио

24

Веќе трет преоден рок како тимот на Интер ќе се обиде да го доведе во своите редови, Марко Асенсио. Прв пат тоа беше во 2023 година, втор во зимскиот изминат рок, а еве и сега, во моментов играчот на ПСЖ е мета на тимот од Милано.

Минатиот пат пречка беше фактот што Интер не успеа да се ослободи од Арнаутовиќ и Кореа по што не беше можно да се носи уште еден напаѓач.

Сега ситуацијата е поинаква и реално има простор за шпанецот.

Договорот на Марко Асенсио со ПСЖ е до 2026 година, што значи дека францускиот шампион нема да бара голема сума за Шпанецот, а се очекува двата клуба да се договорат за надомест од 10-12 милиони евра. Платата на Асенсио е 8 милиони евра нето, но тој ќе мора да се откаже од дел од својата плата во Интер.

ПретходноАзер Омерагиќ: Имаме респект кон противникот, но верувам во квалитетите на Вардар!
СледноНовак е во полуфинале: Сега нека му ја мисли Синер!