Утре во 20.30 часот, во првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, Вардар на Арената во Скопје ќе ги одмери силите со тимот на Ла Фиорита, тим од Сан Марино.
Гостите од Сан Марино, се во Скопје, а доцна попладнево го одработија и оној вообичаен тренинг пред натпреварот.
Интересно беше да се види како играчите на овој тим излегувајќи на теренот веднаш се фатија за своите мобилни со цел да ја снимаат Арената, и со нескриен восхит си коментираа меѓусебе за тоа каде ќе играат утревечер, веројатно ретко кој од нив играл на вака голем стадион.
Секако дека и за нив ова ќе биде вистинско доживување.