Мартин Томовски промовиран во Битигхајм

241

Мартин Томовски својата кариера ја продолжува во во Бундес-лиагата, тој ќе биде задолжен за мрежите на Битигхајм. Од таборот на германскиот тим кој ќе се натпреварува во Втората лига, соопштија дека потпишале договор со македонскиот репрезентативен голман до 2027 година.

„Со Мартин Томовски успеавме да потпишеме меѓународно искусен голман кој ги докажа своите способности и во германската Бундеслига. Мартин остави многу добар впечаток кај неговите претходни клубови и соиграчи на теренот и надвор од него. Тој ќе биде важен фактор во нашата цел за преродба“, вели извршниот директор на Бастијан Шпалингер.

Томовски минатата сезона беше дел од Потсдам, кој се пресели во Втората лига. Битигхајм ќе биде трет германски тим во неговата кариера, тој бранеше и за Лудвигсхафен.

ПретходноЈувентус е подготвен да му плати на Влаховиќ само да си оди!
СледноРашфорд тренира сам во базата на Јунајтед и покрај што е отпишан