Она што “СпортСпорт“ го најави, од вечерва е и официјално. Имено Пелистер го промовираше своето најново засилување. Станува збор за Петар Ристиќ (25), играч за врска кој доаѓа од Србија.
Досега во својата кариера играл за повеќе клубови и тоа за Трајал Крушевац, Мачва, Радник, Раднички Ниш, Јагодина.
Ристиќ и Пелистер потпишаа едногодишен договор, веќе е во Битола а денеска го одработи и првиот тренинг со својот нов клуб.