Небојша Јандриќ (Дечиќ): Нема да ни биде лесно со Силекс!

94

Утре од 20 часот, во рамките на првиот меч од 1.кваликациско коло во Лигата на Конференции, Дечиќ, тимот од Црна Гора го дочекува нашиот претставник, Силекс.

Тренерот на Дечиќ, Небојша Јандриќ, кој пред некој ден повторно седна на клупата на тимот од Тузи, со одбрани зборови говореше за македонскиот клуб.

Јасно е дека не можам сега да говорам во детали со оглед на тоа дека ова се први мечеви, сепак треба да се каже дека нема да ни биде лесно, напротив. Силекс е тим кој има континуитет со сегашниот стратег, ја имаат таа цврстина во играта. Реков нема да биде лесно, но јас сметам дека можеме да се пласираме понатаму. Да кажам и тоа дека каков и да биде утре резултатот, нема ништо да се реши“ заврши стратегот на Дечиќ.

ФОТО: ФК Дечиќ/ФБ

ПретходноРед Бул му врачи отказ на Хорнер, а веднаш потоа назначи негов наследник!
СледноЛа Фиорита и се восхитува на Арената!(ФОТО)