Македонската јуниорска женска репрезентација е поразена и од Ирска со убедливи 56-89 на последниот меч од групната фаза на Европското првенство Дивизија Б. Со четири порази во исто толку одиграни натпревари, Македонија ќе разигрува за последните места на овој шампионат.
И на оваа средба нашите кошаркарки беа рамноправен противник само во првата четвртина, ја добија со 18-19, а потоа им се случи дебакл. Ирска во следниот период ја направи разликата, беше подобра со 26-6. По негативата од 44-25, Македонија не успеа да се врати.
Колева продолжи со поентирањето, брзо стигна и до 24. поени (имаше и шест скока) по три одиграни четвртини, а „двоцифрена“ со десет реализации беше и Начевска (имаше и осум скока).
ГРУПА А
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО
МАКЕДОНИЈА – Ирска 56:89
14.30: Шведска – Романија
Германија – слободна
ТАБЕЛА
1.Германија 4 4 0 272:177 8
2.Романија (-1) 3 2 1 211:166 5
3.Шведска (-1) 3 2 1 211:170 5
4.Ирска 4 1 3 205:213 5
5.МАКЕДОНИЈА 4 0 4 138:261 4