Новак е во полуфинале: Сега нека му ја мисли Синер!

476
фото: Wimbledon (X)

Најдобриот на сите времиња покажа класа кога е најпотребно, и покрај сите проблеми кои што ги има. Новак Ѓоковиќ против Флавио Коболи од Италија успеа да слави во четвртфиналето на Вимблдон со 3:1 во сетови и си закажа полуфинале со друг Италијанец, Јаник Синер.

Сега нека му ја мисли најдобриот според АТП листата за тоа што го чека против Србинот.

Сепак не беше така лесно за Новак, посебно ако се знае дека Коболи го доби првиот сет во тајбрејк.

Сепак како што одминуваше времето, Новак ја преземаше контролата врз настаните на овој меч.

Вториот сет го реши во своја корист со 6:2, па поведе со 2:1 во сетови откакио третиот го доби со 7:5, за да точка на овој меч да стави со добивање на четвртиот сет со 6:4 во гемови.

Новак уште еднаш потврди дека е во поход на својот 25-ти гренслем трофеј, и осми на Вимблдон.

Сепак, допрва следува најтешкото за најдобриот на сите времиња.

ФОТО: Вимблдон/Х

ПретходноИнтер повторно го сака Асенсио
СледноСедло ги подели последните совети: Вардар е подготвен за европска сцена! (ФОТО)