Како што и најавивме уште пред десет дена, но сега е и официјално. Мартин Талаков и официјално е нов “лав“. Македонија ЃП доби екстра засилување со доаѓањето на напаѓачот кој има 23 години.
Инаку Талаков досега во својата кариера има играно за екипите на Подбрезова, Жилина, Академија Пандев, Борец, некогаш беше и дел од младинските селекции на Македонија.
Со Мартин Талаков, но и со уште неколкумина нови имиња, факт е дека “лавовите“ ќе направат сосема солиден тим за наши услови за тоа што ги чека во претстојната сезона во нашата елитна лига.