Пораз на стартот на ЕУРО: Македонските ракометарки без шанса против првакот

82

Македонската женска младинска репрезентација е поразена на стартот на ЕХФ ЕУРО до 19 години кое се одржува во Подгорица. Избраничките на селекторот, Симе Симовски немаа сили за да приредат изненадување против актуелниот првак, Унгарија, беа совладани со 37-21 (15-11).

Велкова и Котевска со по четири погодоци беа први стрелци во нашите редови, три гола имаше Трпевска.

Унгарките отворија со 8-2 после десет минути игра, во 21-та минута резултатот беше 12-5 во корист на противникот. На одморот нашите ракометарки успеаја да намалат на 15-11.

Сепак доминацијата на Унгарија продолжи поведоа со десет гола разлика 25-15 во 43 минута. Оваа двоцифрена негатива се покажа како недостижна за македонските ракометарки, кои шансата за прва победа ќе ја бараат против Полска утре, мечот е закажан во 14:30 часот.

ПретходноСедло ги подели последните совети: Вардар е подготвен за европска сцена! (ФОТО)
СледноМаркоски и Демири (Работнички): Време е за европски предизвик, имаме мотив да го дадеме максимумот!