ПСЖ си поигрува со “кралевите“: Европскиот првак по првиот дел има водство од 3:0! (ВИДЕО)

136

Зарем ова е Реал Мадрид? Зарем ова е најголемиот и најспектакуларниот клуб во светот? Зарем ова е новата ера на Чаби Алонсо?

Каков дебакл за “кралевите“. ПСЖ уште по првото полувреме во второто полуфинале на СКП има водство против Реал Мадрид од 3:0.

Прво стрелаше Руиз во 6.минута за 1:0, за да Дембеле три минути подоцна зголеми на 2:0. Фабијан Руиз во 24.минута со својот втор гол донесе 3:0 за “светците“ од Париз.

Се очекуваше спектакл, ама од Реал Мадрид ни Р.

Познато е дека победникот од ова полуфинале, во недела во големото финале ќе игра против Челзи за пехарот на ова СКП.

ФОТО: ФЦ ПСЖ/ФБ

ПретходноОфицијално: Талаков во дресот на Македонија ЃП!
СледноСтартна победа на Ѓорческа во Германија!