Секако дека вест на денот во Формула 1 е отказот кој Ред Бул му го врачи на својот, сега веќе некогашен директор, Кристијан Хорнер. Вест која не е изненадување, ако се знае дека за вакво нешто се шпекулираше уште минатата сезона кога досегашниот прв човек на тимот беше вмешан во скандал со една од вработените во тимот.
Хорнер беше во Ред Бул од 2005 година и во негово време се освоени осум титули светски првак, четири на Себастијан Фетел и четири на Макс Верстапен.
И веднаш откако беше објавено за отказот, од Ред Бул информираа дека познат е и неговиот наследник.
Тоа е Лорен Мекки, кој сега ќе биде нов извршен директор на Ф1 тимот на Ред Бул. Тој една година е во Ред Бул од каде што дојде од Ферари.
ФОТО: Ред Бул/Х