Самарџиев: Најважно е играчите да даваат максимум за Македонија па што биде – нека биде

103

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 20 години замина за Ереван, домаќинот на Европското првенство Дивизја Б. Овој шампионат ќе се одржи од 11 до 20 јули, а Македонија е во групата Ц заедно со Австрија, Холандија, Швајцарија и Ерменија.

„Направивме добри подготовки за Европското првенство каде имавме одлични услови за тренинг, само со еден хендикеп, а тоа е квалитетни пријателски натпревари. Но што е, тука е, и нема назад, одиме да се покажеме во најдобро светло.

Предност на оваа селекција е тоа што овие момци се познаваат и играат неколку години наназад заедно. А освен тоа, голем дел од нив ќе играат и следната година, а тоа значи дека се година дена ‘помали’ од другите, што е добро за искуство и напредок за следната година. Групата е доста силна, еве на пример Швајцарија У19, е во осумтте најдобри на светското првенство за таа возрасна категорија. Наша предност треба да биде колективната игра и секако големата желба за докажување“, изјави селекторот, Горан Самараџиев. 

На првиот меч (11 јули) Македонија ќе игра против Холандија.

„Немаме некои информации за Холандија, но секогаш е одлична на првенствата со физички јаки играчи. Чекаме да го објават конечниот состав па ќе ги анализираме играчите, прво поединечно, потоа и тимски.

Крајниот дострел ќе го видиме после 20.јули. Ќе одиме од натпревар по натпревар. Најбитно е играчите да даваат максимум за Македонија па што биде, нека биде. Како што кажав и пред тоа, очекувам максимално залагање а каков ќе биде пласманот ќе видиме на крај“.

ПретходноНов дебакл: Јуниорките поразени и од Ирска
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА: НАД ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА ИСПЛАТЕНИ ДОБИВКИ ВО ЈУНИ!