СКП: “Машината“ на Луис Енрике го декласира Реал и си закажа финале со Челзи! (ВИДЕО)

145

Уф, каков меч на спектакуларниот состав на Луис Енрике. Уште таа моќна “машина“ докажа дека во моментов е убедливо, без конкуренција, најдобриот тим во светот.

ПСЖ – Реал Мадрид 4:0 во второто полуфинале на Светското клупско првенство. И се беше готово уште во 24.минута кога Фабијан Руиз го постигна својот втор гол за водство од 3:0.

Претходно прво стрелаше за 1:0 во 6..минута, за да Дембеле го удвои водството на ПСЖ само три минути подоцна.

И само среќата, секако и фактот дека европскиот првак како да дигна рачна, се причините дека Реал Мадрид не доживеа вистинска. невидена катастрофа.

ПСЖ доминираше во текот на целиот меч, имаше повеќе шанси, имаше и зицери, но ете, резултатот на крајот гласеше само 4:0, ако се знае дека Рамос во 87.минута на додавање на Баркола стави точка на маките на избраниците на Чаби Алонсо.

А Килијан Мбапе? Можеме само да претпоставиме како се чувствуваше по мечот, по овој убедлив пораз од својот некогашен тим.

ФОТО: ФЦ ПСЖ/ФБ

ПретходноАрсенал се договори со Мадуеке, ама Челзи не го пушта!