Стартна победа на Ѓорческа во Германија!

27

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на ИТФ турнирот во Ашафенбург, Германија (награден фонд 40.000 долари). Таа во првото коло ја совлада домашната тенисерка Јоси Димс со 2-0 во сетови (63 76(5)) за 100 минути игра.

Во текот на мечот Ѓорческа имаше подобра реализација на брејк топките 6/8, а нејзината ривалка имаше 5/9 во мечот каде македонската тенисерка освои десет поени повеќе 74:64. Во првиот сет нашата тенисерка имаше предност и сетот го заврши со 6:3 во гемови, додека во вториот сет постојано водеше, но противничката успеваше да изедначи и стигна до тај брејкот. Во 13.тиот гем од сетот Ѓорческа поведе со 4:1 на поени, а потоа и со 6:3 за да ја искористи третата меч топка.

Во следното (второ) коло Ѓорческа ќе игра против втората носителка Тара Вурт од Хрватска, која денеска ја победи Германката Теса Јохана Брокман со 2-0 во сетови.

ПретходноПСЖ си поигрува со “кралевите“: Европскиот првак по првиот дел има водство од 3:0! (ВИДЕО)
СледноКратовци тренираа во Тузи: И Силекс подготвен за европскиот настап!