Струга ТЛ со пораз од Балкани на својата прва летна контрола!

167

Некогашниот двоен шампион на Македонија, тимот на Струга ТЛ денеска попладнево, на свој терен беше поразен од косовски Балкани со 1:2. Ова беше прв контролен тест за стружани во пресрет на новата сезона.

Стрелец на голот за Струга ТЛ беше Компаоре.

Ова значи дека новиот тренер на стружани, Бледи Шкемби, беше поразен на своето деби.

Според извештаите од Струга, членот на ПМФЛ одиграл сосема добро за прв пријателски меч, јасно е дека допрва од Струга ТЛ се очекуваат добри настапи на овие пријателски натпревари.

ПретходноНајавено, па потврдено: Петар Ристиќ и официјално во дресот на Пелистер!
СледноГоце Седлоски: Нема фаворити во денешниот фудбал, сепак очекувам победа!