Французинот Одифред е ново име во РК Пелистер 2! (ФОТО)

83

Баптист Одифред и официјално е нов член на РК Пелистер 2. Раководството на клубот од Битола го промовираше својот нов ракометар. Новиот член на Суперлигата го осигура потписот на 26-годишниот Одифред, кој е роден во Гренобл и зад себе има драгоцено искуство во професионалниот ракомет. Во Франција настапуваше за екипите на Дижон и Безансон, па тресеше мрежи за Диферданж од Луксембург и Даидо Стил од Јапонија, а во следните две сезони ќе игра за Еурофарм Пелистер 2.

Се работи за ракометар висок 199 сантиметри, одличен стрелец и ракометар со важна улога и во играта во одбрана.

Одифред ќе биде претставен во Битола на почетокот на подготовките на Еурофарм Пелистер 2 на крајот од месец јули.

ПретходноСинер го “реши“ Шелтон и се пласираше во полуфиналето на Вимблдон!
СледноНајавено, па потврдено: Петар Ристиќ и официјално во дресот на Пелистер!