Вардар доминира, но без реализација по првото полувреме

99

Фудбалерите на Вардар не успеаја да ја искористат тоталната доминација во првите 45 минути на мечот со Ла Фиорита. На Националната арена во Скопје, освојувачот на Купот на Македонија доминираше во дуелот со гостинот од Сан Марино, но неколкуте убави шанси кои беа креирани, завршија без конкретна реализација.

Екипат ана Ла Фиорита во првиот дел статистички не упати ниту еден удар кон голот на Талевски, за разлика од „црвено-црните“ кои имаа три добри обиди. Треба да се одбележат и неколкуте одлични интервенции на гостинскиот голман Ѕаволи.

Вардар ќе мора да притисне уште повеќе во вториот дел за да обезбеди предност на оваа првата средба пред своите гледачи.

ПретходноОфицијално: Стефан Ристовски е нов фудбалер на Сараево!
СледноЛК: Работнички убедливо поразен во Унгарија! Торпедо е пресилен за тимот од Градски парк(ФОТО)