Египет, Тунис и Грција гости на „Трофеј Македонија”

156

„Трофеј Македонија“, традиционалниот меѓународен турнир, кој РФМ го најави на крајот на мај добива целосна реализација. Познати се сите учесници на истиот и периодот на одигрување.

Истиот ќе се одржи во септември за време на ЕХФ-неделата – посветена на женските репрезентации, а покрај Македонија ќе учествуваат и Египет, Тунис и Грција.

Раководството на РФМ планира овој турнир да го искористи и за старт на уште еден проект „Ракометен Караван“, кој за цел има да се промовира ракометот и да се мотивираат младите да го одберат овој спорт.

„Сакаме да допреме и да ја поттикнеме желбата на децата да се мотивираат и да започнат со ракомет. Овој Караван би се одржувал два-три пати во месецот. Ќе бидат присутни играчи (сегашни и некогашни) и тренери кои ќе се обидат да им објаснат кои се бенефитите од овој спорт. Од следната сезона планираме да одиме чекор напред да организираме мини-ракомет. Сето ова ќе биде важен чекор за нашата главна цел, а тоа е да го подигнеме малдинскиот ракомет и да имаме база“, изјави генералниот секретар Влатко Тасевски.

Од новитетите кои раководството на РФМ ги соопшти за новата сезона е воведување софтвер кој ќе ја олесни работата на клубовите и играа „Tomasoft“.

„Овој софтвер го користат во Романија, Србија и Црна Гора, како во ИХФ, целта е да ја олесниме работата на клубовите и да ја дигитализираме работата во РФМ.

Сите информации ќе бидат пренесувани во живо од сите категории, записници, за Супер-лигата, ќе има статистика, секој ќе може да види како учинок ќе има, се надеваме дека ќе се дигне ривалитетот. Две обудки се подготвуваат и истиот ќе се користи од прво коло”, додаде Тасевски.

 

ПретходноАдеми се сретна со својот Динамо
СледноЕдинствениот триумф на Ла Фиорита во Европа го судеше Јован Качевски (ВИДЕО)