Единствениот триумф на Ла Фиорита во Европа го судеше Јован Качевски (ВИДЕО)

128

Освојувачот на Купот на Македонија, и воедно најтрофејниот фудбалски наш колектив, тимот на ФК Вардар вечерва од 20:030 часот на Арената Тодор Проески во Скопје го игра првиот од двата дуели против противникот од Сан Марино, Ла Фиорита, во рамките од првото квалификацико коло во Конференциската лига.

Нашиот тим е фаворит, и добро знаеме за што е способен, пред своите гледачи на овој одличен за фудбал летен ден, но што се однесува до противникот тој секако е своевидна енигма за нас.

Се работи за тим кој е полн со играчи ветерани или пак оние кои што се со статус на нисколигашки италијански екипи. Она што е важно да се напомене за нив е дека во многуте евро настапи единствен кој е вреден за споменување е еден оној од 07.18.2024 година кога е елиминиран тимот од Белорусија, Ишлох Минск. По подобро изведување на пенали 2:4, Ла Фиорита оди понатаму.

Интересно за нас е што овој дуел го судеше меѓународниот македонску судија, Јован Качевски. Тогаш еден од нашите најдобри арбитри беше таличен за Ла Фиорита, а се надеваме дека вечер нема ништо да биде среќно за гостите од Сан Марино.

 

ПретходноЕгипет, Тунис и Грција гости на „Трофеј Македонија”
СледноСедлоски вечерва ја „крши“ стотката на клупата на Вардар