Кошаркарите на Пелистер во Бугарија ќе ги играат квалификациите за пласман во Лигата на Шампионите!

128

И официјално, КК Пелистер во бугарскиот град Самоков ќе брка пласман во ФИБА Лигата на Шампионите, така одреди ФИБА. Таму ќе се играат квалификациите за ова европско кошаркарско клупско натпреварување.

Познато е дека битолчани својот прв меч од првото квалификациско коло ќе го играат со Реџо Емилија и тоа на 19 септември. Победникот од овој дуел ќе се пласира во полуфиналето, каде ќе игра со победникот од дуелот меѓу Орадеа (Романија) и Антверпен (Белгија).

Победникот од ова полуфинале ќе се сретне во финалето со победникот од останатите четири екипи и тоа ПАОК – СЦ Дерби и Бурса – Брауншвајг.

ПретходноАрсенал потпиша играч од средниот ред на Брентфорд
СледноФото од соблекувалната: Вардар во срцето, МАКЕДОНИЈА во душата!