Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот во германскиот град Ашафенбург по денешниот пораз во второто коло од втората носителка Тара Вурт од Хрватска. Мечот беше решен по три сета игра, а Вурт победи со 2-1 во сетови (61 26 75) за 2 часа и 12 минути игра.
Во првиот сет хрватската тенисерка имаше комплета доминација, а Ѓорческа освои еден гем на сервис на ривалката. Но, во вториот сет сосема поинаква ситуација на теренот и акедонска тенисерка стигна до водство д3:0 во гемови и сетот го заврши со 6:2. Вистинската борба беше во решавачкиот сет. Вурт поведе со 2:0 во гемови, а Ѓорческа го презеде водството – 4:3. При 5:4 за Вурт, Ѓорческа спаси една меч топка во 10-тиот гем и изедначи на 5:5. Но, до крајот на мечот ривалката ги освои двата гема за конечни 7:5 и 2-1 во сетови.
Лина Ѓорческа следната недела ја очекува настап на турнирот во Оломуц, Чешка.
ФОТО: Тениска федерација на Македонија