Миркуловски: Можев да градам тренерска кариера, но ја одбрав Македонија!

356

РФМ на официјална прес-конференција ги презентираше сите новите. А еден од нив е Филип Миркуловски, кој е нов спортски директор на машките селекции.

Главна цел е Миркуловски да се изгради систем во младите селекции. Неговото исксутво од Германија ќе го пренесе во Македонија, се со цел нашата земја да оди напред кога станува збор за националниот ракомет и иднината.

„Благодарност до претседателот и генералниот секретар на РФМ што ми ја укажаа довербата тука сум да дадам се од себе она што го собрав како искуство во Германија. Првична цел ќе бидат младинските селекции, кои се поставени на цврсти темели, тука сум да ги координирам сите селектори.

Мора да направиме пионерска категорија, со кадетите веќе се доцни долго време, мора да им дадеме предност на тие млади деца за да можеме да ги стигнеме сите врвни селекции. Да го вратиме младинскиот ракомет таму каде што заслижува на највисоко ниво. 

Ќе ставам фокус на оваа работа, сакам да вложам многу труд во оваа работа, можам многу да придонесам, тоа го имам видено во Германија. Можам да почнам тренерска работа, но сакам да придонесам за македонскиот ракомет. Секогаш сум бил тука за Македонија и како играч, сега и во оваа улога“, изјави Миркуловски.

Првиот човек на РФМ, Александар Стефанов изрази голема благодарност до Миркуловски што ќе биде задолжен за развојот на малдите категории.

„Чест и и задоволство е да го имаме покрај нас. Тој е поранешен репрезентативец со над 150 настапи со своето искуство и знаење, како играч, како капитен и тренер во Вецлар може да доприносе, да го пренесе своето знаење, да помогне во позитивна насока, да го следат сите неговиот пример. Дај боже да излезат уште бројни ракометари кои ќе се угледаат на него, Македонија ќе има ракометна иднина“, изјави првиот човек на РФМ.

ПретходноОфицијално: Македонија подобра за пет места на ФИФА листата
СледноАдеми се сретна со својот Динамо