Младинките убедливо поразени и од Полска

90
Фото: РФМ

Македонската женска младинска репрезентација го запиша вториот пораз на ЕХФ ЕУРО кое се одржува во Подгорица. После поразот од првакот, Унгарија, нашите ракометарки се убедливо совладани од Полска со 18-28.

Трпеска имаше четири погодоци, додека по три запишаа Миленкоска, Котевска и Беровиќ.

Избраничките на Симе Симовски не влегоа најдобро во мечот, до 19-та минута имаа постигнато само два гола (2-8), додека пак после негативата од 4-11 успеаја да се издигнат и на одморот на намалат на 8-11.

Полска во второто полувреме на дело ја оправда фаворитската улога и поведе со девет гола 11-20, негатива која против една ваква репрезентација е невозможно да се стигне.

Последниот меч од групната фаза Македонија го игра во сабота против Чешка.

Иако Македонија беше голем аутсајдер, сепак ЕХФ издвои неколку добри моменти на нашите девојки.

ПретходноПелистер го пречекува Загреб во првото коло, Барселона ќе гостува во октомври
Следно„Секогаш ќе бидам за македонските играчи, но не можеме да им го одземе правото на клубовите“