Работнички повторно е „европски“ Работнички!

120

Конечно. По цели седум години пауза, Работнички повторно е европски Работнички. Некогаш важеше за синоним за успеси во Европа, како убедливо најдобриот наш клуб во Европа, но сега веќе не е така, иако сеуште со 21 победа во Европа, е далеку пред сите останати наши клубови кога овој сегмент е во прашање.

Работнички против Торпедо Белаз, ќе го одигра својот 59 европски меч, и има 21 победа, 14 ремија и 23 порази. Бројките кажуваат многу.

Но ако се вратиме низ историјата ќе видиме дека Работнички последен пат играл во 2018 година и тоа против Хонвенд во првото квалификациско коло во Лигата на Европа.

Работниички еднаш играл плеј – оф во Лигата на Шампионите, во 2006 со Лил и двапати играл плеј – оф во Лигата на Европа, со Лацио во 2011 и со Рубин Казан во 2015, но нема пласман во групната фаза како Вардар, единствен наш клуб кој може да се пофали со такво нешто.

Најславните победи во Европа некогаш Работнички ги имаше со Дебрецин 4:1, Анортозис 2:0 на гости, Трабзонспор 1:0. Во Скопје ги донесе Лил, Ливерпул, Лацио, Трабзон, Рубин Казан, Локомотив Москва, Болтон.

Само Работнички има победи од по 6:0 во Европа, и тоа со Сконто Рига, со Луситанос и со Тре Пене. И само Работнички имаше серија од пет победи во низа во Европа во тоа лето 2011 години.

Но тоа е историја, сегашноста цели дека Работнички го чека и тоа како тешка задача да го мине тимот од Белорусија.

ФОТО: ФК Работнички/ФБ

ПретходноСрцепарателни фотографии од Лука Модриќ (ФОТО)
СледноЛуис Енрике по убедливата победа над Реал: Ова е посебен момент!