Силекс посакува добар резултат од вечерашното гостување кај Дечиќ!

100

Според ранкингот и според тоа дека беше во групата на неносители на ждрепката за 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, јасно е дека Силекс ќе ја нема улогата на фаворит на двомечот со Дечиќ, таа улога оди кај тимот од Црна Гора.

Но, исто така јасно е дека тимот од Кратово има што да покаже уште вечерва на стадионот “Тушко Поље“ во Тузи од 20 часот. Момците на стратегот Александар Васоски се крајно мотивирани, сакаат и можат да го дадат својот максимум а секако дека посакуваат добар резултат. Резултат со кој патникот за втората рунда да го решаваат дома, поточно на стадионот на ФФМ во Скопје следниот четврток.

Во случај да го минат Дечиќ, тогаш фудбалерите на Силекс ќе си закажат двомеч во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции против Рапид Виена од Австрија.

Вечерва мечот во Тузи ќе го суди Завен Хофханисјан од Ерменија.

Па така секој резултат освен убедлив пораз, ќе биде добар за Силекс. Уште ако се дојде до реми или победа, тоа ќе биде навистина одлично.

Да, Дечиќ игра дома, сака победа пред своите фанови, таа победа и се најави вчера на пресот од нивниот тренер Небојша Јандриќ, но Силекс знае како треба и што треба да стори за да се дојде до што подобар резултат на гостувањето во Тузи.

ФОТО: ФК Силекс/ФБ

ПретходноРаботнички знае што го чека вечерва на гости кај Торпедо-Белаз!
СледноНека биде долго топло европско лето за Вардар