Силекс со негатива од два гола се враќа од Црна Гора (ВИДЕО)

193

Фудбалерите на Силекс се враќаат со негатива од 2:0 по првиот меч со црногорски Дечиќ Тузи во рамките на 1. коло од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА. На вечерашното гостување, кратовци не успеаја да се одбранат и со два гола во мрежата се враќаат пред иднонеделното ново соочување со Дечиќ во Скопје.

Домашните поикажаа и поголема желба, но се чини и подобра воиграност, затоа што во поголемиот дел од мечот имаа поорганизирани напади. Во две такви ситуации домашните и дојдоа до голови за победа.

Напрво во првиот дел со голот на Бајовиќ во 39 минута домашните поведоа, а во вториот дел откако Мирчевски заработи црвен картон кај Силекс, домашните со голот на нововлезениот Н’Диаје во 70. минута ја потврдија победата.

Пред кратовци ќе биде сериозен преднизвик на раваншот во Скопје да се обиде да ја надомести оваа негатива.


Конференциска лига на УЕФА – 1. квалификациско коло (прв меч)

ДЕЧИЌ – СИЛЕКС  2:0 (1:0)

Стадион “Турско“ во Тузи. Судија: Ховханисјан (Ерменија), Стрелци: Бајовиќ 39’, Н’Диаје ’70 (Д), Жолти картони: Голубовиќ, Бозановиќ, Ујкај (Д) – Џеков (С), Црвен картон: Мирчевски (С)

ДЕЧИЌ: Никиќ, Џелај (Љуљдјураљ ’91), Томашевиќ, Ујкај, Дресај, Бајовиќ, Бозановиќ, Стриковиќ (Селими ‘64), Секуловиќ (Цамај ’77), Радушиновиќ (Н’Диаје ’64), Голубовиќ (Малоку ’77).

СИЛЕКС: Љ. Џеков, Ефтимов, Ѓ. Џеков, Николиќ, Тимовски (Рајков ’85), Анѓелески, Мирчевски, Мигуел Пирес (Донов ’55), Додев (Велиновски ’71), Хрвановиќ, Алиќ (Говедарица ’71)

 

ПретходноЛК: Работнички убедливо поразен во Унгарија! Торпедо е пресилен за тимот од Градски парк(ФОТО)
СледноЕвропски Вардар кој сите го чекавме (ВИДЕО)