Европски Вардар кој сите го чекавме (ВИДЕО)

333

 

Вардар – Ла Фиорита 3:0 (0:0)

Прво квалификациско коло Конференциска лига

Арена Тодор Проески во Скопје

Гледачи: 4000

Стрелци: Омерагиќ 47′, Јанкулов 66 (Друди автогол), Мато 67 (В)

Ж.картони: Мусиани (ЛФ)

ВАРДАР: Талески; Јанкулов, Матиќ, Мишковски, Маневски; Босанчиќ, Олаосебикан (Мато 46), Тодоровски (Донгмо 67′), Закариќ, Омерагиќ, Спахиу (Кастањеда 46)

ЛА ФИОРИТА: Заволи, Грандони, Друди, Мацоти, Рикарди, Закарија, Чикарели, Лунадел, Мусиани, Виваква, Жоао Фелипе

Вардар вечерва на Арената Тодор Проески пред своите гледачи ја исполни задачата и обезбеди сериозна предност пред вториот меч од првото квалификациско коло од Лигата на Конференции против екипата на Ла Фиорита од Сан Марино. Конечните 3:0 се и тоа како реален показател на нештата на теренот во оваа убава скопска летна ноќ. Вардар потсети на некои други времиња во кои ваквите противници воопшто не беа пречка, туку повод за да се разигра тимот со убав европски повод. Вардар вечерва одигра онака како што посакуваше, сакаше, и планираше. Погоди неколкупати во противничката мрежа, преку Омерагиќ, Јанкулов и Мато за мирен реванш во Сан Марино.

Вардар промашуваше во првиот дел

Како што се очекуваше Вардар имаше иницијатива на стартот на мечот. Не тргна со сите сили, безглаво кон противничкиот гол, пред се затоа што Ла Фиорита не излезе на терен во класичен „бункер“ стил. Напротив, противникот класична формација за на гостински терен, поставена згусната во средината на теренот. И тоа помина во првиот дел.
Вардар имаше ситуации најпрво преку Матиќ кој по еден прекин шутираше сантиметри покрај десниот дирек, за да потоа Маневски биде скратен за гол од страна на голманот Заволи кој што прекрасно интервенира и спасува домашно водство.

Следува ударот на Спахиу, а и Тодоровски се закани од далечина. Сепак, Заволи и тоа како присебен сконцентриран и во овие наведени ситуации, а и при неколкуте прекини и корнери на Вардар во кој одлично интервенираше.

Омерагиќ отвора кога е најпотребно

Само што започна второто полувреме, работите за Вардар отидоа во посакуваниот правец.

Закариќ од својата препознатлива десна страна нафрли на петерецот, а таму Азер Омерагиќ прекрасно реагираше и од прва погоди за водство. Конечно, противникот е „скршен“ и полесно се дише. Овојпат 47.минута за домаќинот беше талична.
Следуваше ударот на Мато, кој беше одбранет, а потоа и зицерот на Закариќ. Одлично примена топка на гради, напаѓачот излезе одкосо сам пред Заволи распали со посилната лева нога но за жал преку голот.

Јанкулов за двојно водство и мирна ситуација

Во 66. минута Ватрдар стигна до двојно водство. Акцијата на Закариќ го исфрли Јанкулов сам во шеснаесетникот на Ла Фиорита, левиот бек на Вардар центрираше, топката удри во ногата на Други и влезе во голот на противникот. Ситуација на која Вардар се надеваше, за мирен финиш на мечот.

Мато „стрела“ од далечина

Само што се стартуваше од центарот, Вардар организираше акција од лево, во која Роџерс Мато поведе топка до работ на шеснаесетникот, шутираше и реализираше за 3:0.

По ова веќе стана јасно во која насока ќе оди мечот. Противникот полека се гасеше, неговиот капацитет беше при крај и Вардар реално домонираше на теренот.

Реванш дуелот во Сан Марино, се игра за седум дена на 17 јуни.

 

 

 

ПретходноСилекс со негатива од два гола се враќа од Црна Гора (ВИДЕО)
СледноИмобиле се врати на Апенините и потпиша за Болоња