И официјално, КК Пелистер во бугарскиот град Самоков ќе брка пласман во ФИБА Лигата на Шампионите, така одреди ФИБА. Таму ќе се играат квалификациите за ова европско кошаркарско клупско натпреварување.
Познато е дека битолчани својот прв меч од првото квалификациско коло ќе го играат со Реџо Емилија и тоа на 19 септември. Победникот од овој дуел ќе се пласира во полуфиналето, каде ќе игра со победникот од дуелот меѓу Орадеа (Романија) и Антверпен (Белгија).
Победникот од ова полуфинале ќе се сретне во финалето со победникот од останатите четири екипи и тоа ПАОК – СЦ Дерби и Бурса – Брауншвајг.