Луис Диас го посети Гондомар и оддаде почит на загинатите Диого Жота и Андре Силва!

220

Многу врева се дигна околу тоа зошто Луис Диас не беше на погребот на Диого Жота, ако се знае дека тие двајца важеа за големи пријатели, а не само соиграчи во Ливерпул. Уште поголем да биде шокот, излегоа видеа и форографии, како Колумбиецот се забавува во тие моменти на голема така во светот на фудбалот.

Сепак Диас се обиде да ја поправи грешката, па заедно со Алисон Бекер го посети Гондомар, каде се погребани браќата Диого Жота и Андре Силва и присуствуваше на една полноќна миса во градот каде што е роден Диого и каде што е погребан.

Дали ова ќе биде доволно Диас да се “извади“, останува да се види.

ФОТО: Луис Диас/Х

ПретходноГерманците со интересна идеја: ЕП во фудбал на Балканот, а земја домаќин и Македонија!!!
СледноМладите одбојкари во пет сета поразени од Романија