Одличен потег: Филип Миркуловски е нов спортски директор на машките селекции

117

Поранешниот македонски репрезентативец, Филип Миркуловски е нов спортски координатор на машките селекции. Популарниот Жути ја заврши својата мисија во Германија и прифати понудата на раководството на РФМ. Тој доаѓа на местото на Влатко Тасевски, кој сега ја извршува функцијата на генерален секретар.

Миркуловски од 2020 година ги започна своите тренерски чекори во Вецлар, тимот за кого играше седум години, а потоа беше дел од стручниот штаб.

Тој беше дел и од тренерскиот тим на Кирил Лазаров во македонската репрезентација, прво како играч-помошен тренер, а потоа само дел од стручниот штаб.

Миркуловски во најдобрата ракометна лига имаше шанси да собере искуство, кое и тоа како ќе биде добредојдено за подигање на квалитетот во сите генерации, нивно координирање.

ПретходноНеверојатно: Силекс цели 30 години чека на пласман во следно коло во Европа!
СледноОфицијално: Македонија подобра за пет места на ФИФА листата