Во пресрет на дуелот со Ла Фиорита: Вардар од 16 февруари на официјални мечеви е без пораз!

171

По пауза од седум години, вечерва од 20:30 часот на Националната Арена “Тодор Проески“, нашиот најтрофеен и најголем клуб ќе игра на европската сцена. Вардар во првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, ја дочекува ла Фиорита од Сан Марино.

Јасно е дека фудбалските фанови во Македонија, а и тие што навиваат за “црвено – црните“, очекуваат победа. Дека се оди на победа, без дилеми, тоа вчера на пресот го кажаа и тренерот Гоце Седлоски и напаѓачот Азер Омерагиќ. Мислите се победнички, тоа е најважно.

А нема потреба од ништо друго ако се знае дека, за тие што заборавиле, Вардар е серија од 18 меча, се разбира дека мислиме на официјални, без пораз.

Последен пат Вардар доживеа пораз на 16 февруари, во меч од првото пролетно коло во минатата сезона во ПМФЛ, кога Шкендија славеше со 1:2 и од тогаш па до сега, четата на стратегот Гоце Седлоски е непоразена на официјалните мечеви.

Вардар на 18 меча во низа е без пораз, тука ги сметаме секако и оние куп мечеви, има 12 победи и шест ремија.

Секако дека сите во таборот на нашиот најтрофеен клуб посакуваат таа серија или низа без пораз да продолжи и во двомечот со Ла Фиорита.

Од друга страна најважно е Вардар да го елиминира тимот од Сан Марино зошто нели, од историја не се живее.

ПретходноИ Агон Елези пред трансфер во Сараево?! (ФОТО)
СледноИ официјално: Един Џеко во дресот на Фиорентина!